„Суперот 98“ од полноќ 94 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 денара по литар.

Новата цената на БС-98 од полниоќ ќе биде 94 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе чини 93,5 денари/литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 93 денари/литар,

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 91 денар/литар и Мазутот М-1 НС ќе се продава по 53,343 денари/килограм.