Државјанин на Србија (52) и негов колега, државјанин на Турција (57), се осомничени дека украле 500 автоматски менувачи и 100 мотори од фабриката на Мерцедес во Штутгарт, објавија германските медиуми.

Според веб-страницата mercedesfans.de, Србинот и неговиот колега биле уапсени во средината на август, што го соопштија од полицијата и од обвинителството во Штутгарт.

– Се сомневаат дека имале и други соучесници. Наводно, од февруари 2020 година до нивното апсење украле повеќе од 100 мотори и 500 менувачи од централното складиште на компанијата – наведува порталот.

Од компанијата, како што соопштуваат, забележале дека недостасуваат голем број автоделови.

Како осомничените успеале да ги извадат деловите од автомобилот од магацинот не пишуваа германските медиуми, но се претпоставува дека ги демонтирале. Фактор