Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, дал дозвола во основното училиштѕе „Крсте Мисирков“ пред два дена да се одржи приватна забава – сунет.



Организаторите на прославата за тоа имаат и писмен документ за организирање на верскиот обред и велат дека  велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на забавата бил исчистен дворот, дознава Алфа ТВ.

Од Министерството за образование нема реакција за одржувањето приватни прослави во дворовите на образовни институции.

Пред два месеца, во основно училште во Радовиш, муслимански свештеник вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан.

За „Алаху акбар“ казнети директорката и училиштето во Радовиш