Сунак: Кина е најголем предизвик за глобалната безбедност


Овој став го искажа британскиот премиер Риши Сунак денеска по самитот на Г7, пренесе Гардијан.

„Кинапретставува најголемиот предизвик на нашето време за глобалната безбедност и просперитет. Тие се повеќе авторитарни дома и наметливи во странство“, рече Сунак од јапонскиот град Хирошима каде се одржа самитот Г7.


Според него, Велика Британија и другите земји од Г7 ќе следат заеднички пристап за намалување на предизвиците од Кина.

Сепак, тоа не значи прекинување на врските со Пекинг.

Г7 ќе се обиде да ја спречи Кина да користи економска принуда за да се меша во суверените работи на другите, додаде Сунак.