Поранешниот реис на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, вели дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Стево Пендаровски победил на минатогодишните претседателски избори.

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски.

Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано – ова е твоја победа не моја“, рече Реџепи во гостување на ТВ 21.

Кабинетот на претседателот , Стево Пендаровски, целосно ја демантира изјавата на поранешниот претседател на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, дадена во емисијата „Клик плус на ТВ21.

„Претседателот Стево Пендаровски, ниту пред ниту по изборите, не комуницираше директно или индиректно со тогашниот претседател на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Неговите изјави се само лаги и измислици“, се вели во реакцијата на Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Тие додаваат дека претседателот Пендаровски е избран на легитимен и законски начин, на слободни и демократски избори, што е потврдено во сите извештаи на ОБСЕ / ОДИХР.

„Ние ги сметаме ваквите изјави на Сулејман Реџепи како крајно несериозни и несоодветни, со оглед на неговата претходна улога во Исламската верска заедница“, додаваат од таму.