Порталот Лидер објавува документ според кој судот го пуштил на слобода Гани Марку осомничен за двојното убиство во Шиша бар во центарот на Скопје, а Јавното обвинителство за организиран криминал негира дека тоа се случило.
ЈООРМ тврди дека Марку кој во јавноста е познат како осомничен на убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шише бар“ на Кале, како и на ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција, се уште е во притвор.
Во продолжение е одлуката од Кривичниот суд, објавена од Радио Лидер, во која се гледа одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата Гани Марку.
фото: lider.mk
Одлуката за пуштање на слобода случајно или не доаѓа во период на техничката Влада на премиерот од ДУИ Талат Џафери. Иако тој се споменува како можен сторител на убиствата тој е засега само осомничен.
Повеќе на Лидер.
Оваа вест е дополнета со изјава на ЈООРМ од каде се тврди дека осомничениот убиец не е пуштен од притвор.