Судот не дава Османи и Нухиу да го посетат Томор Морина

Вицепремиерот, Бујар Османи, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, не може да го посетат поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, уапсен минатата недела во Македонија по потерница на Интерпол, дознава ТВ.21.

Судот испрати известување до Владатапо барањето да се овозможи посета:

„… ве известуваме дека согласно одредбите од чл. 178 од Законот за кривична постапка, лица кои вршат функција Заменик Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Заменик Министер за внатрешни работи, не се лица кои може да посетат притвореник“, се вели во известувањето од Судот.

Србија поднесе барање за екстрадиција кое вчера стигна до министерството за правда.