Судот бара екстра напор од ЈО за „Таргет – Тврдина“: Мијалков и „необвинетите“ во исчекување

По последното рочиште за предметот Таргет – Тврдина по кривичната пријава од оштетен беа отворени нови досега непознати детали од прислушувањето на структури во МВР кое го гони обвинителството.



По изјавата на поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Иванов Др. Синиша Алексовски Судот му наложил на Обвинителство да собере потребни известувања од УБК и АР за наводите напишани во изјавата.

Со одлуката на судот ќе мора да се изврши проверка во нелегалните прислушкувани разговори и треба да се открие дали има содржина која произлегува од намерата и активностите на за сега непозната политичка партија незаконски да набави опрема за следење на комуникации.

Воедно обвинителството треба да обезбеди податоци од системот за контрола на пристап во просториите на одделот за оперативна техника, но и кругот на МВР.

Целата на оваа активност како што брифираат добро информирани судски и полициски извори е да се утврди дали и кој се од офицерите за врска на странските служби во Македонија во посочениот период од 2007 до 2017 неовластено престојувале во безбедносни зони каде се потребни посебни овластувања.

Исто така, обвинителството треба да собере и податоци од УБК на чии персонални компјутери била трансферирана содржината од нелегалните разговори и зошто полициските службеници кои ја користеле нелегалната содржина не се обвинети во случајот Таргет.

Неофицијални извори, посочуваат дека сите луѓе од врвот на УБК кој усмено или писмено барал таканаречено оперативно прислушкување без да се отвори безбедносна истрага со судска наредба, можат да се гонат како поттикнувачи на кривично дело “неовластено снимање”, бидејќи истите биле и корисници и на нивните компјутери е трансферирана содржината која тие за нивни цели ја користеле.

Изјавата на Алексовски создала голема дилема и кај судот и кај обвинителството но и кај дел од странските дипломати кои го следат случајот дали криминалот од највисок вид што се случил со прислушувањето содржи и теми кои досега намерно или од неспособност не се опфатени со истрагата и досегашното судење.

За скандалот со прислушувањето, обвинети се вкупно 12 лица, поранешниот директор на Управата за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и уште десет други вработени во УБК.

Обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за да го избегнат притворот во овој случај, избегаа во Грција, која, пак, одби да ги екстрадира во Македонија врз основа на амнестијата на преседателот Ѓорге Иванов. Ним им се суди во отсуство. Во случајот веќе има и пресуда. Една од обвинетите призна вина како помагач уште пред да почне судењето и беше осудена на условна казна затвор.

Историјата за овој случај почнува со спојувањето на двете истраги „Таргет“ за незаконското прислушување и „Тврдина“ за уништувањето на опремата користена за таа цел во едно обвинение, кое до судот беше поднесено во јуни 2017 година.