Министерката за одбрана Славјанка Петровска во еден ден поништила седум интерни огласи за упатување на меѓународна должност на кадри на министерството за одбрана и АРМ.
Еден од поништените седум огласи е за упатување на Штабен помошник во седиштето на НАТО.
Бил наменет за експерт за обука во управување со информации и знаења, во Сојузничката команда за операции, во Врховниот штаб на сојузничките сили за Европа, во Монс, Белгија.
Во образложението на министерството за одбрана нема конкретни причини зошто министерката ги поништува огласите туку само се наведува дека согласно законот Петровска има право да ги поништи интерните огласи.
Огласите се објавени лани во ноември додека министерка за одбрана беше Радмила Шекеринска што за извори на expres.mk во одбраната е индикација дека Петровска со укинувањето на огласите може да спречи испраќање на кадри на Шеќеринска и да испрати свои луѓе.
Дел од кандидатите кои аплицирале за мисија во странство за expres.mk тврдат дека нема никаква причина за поништувањето на огласите затоа што најголем дел од пријавените биле професионалци со докажани кариери.
Тие се сомневаат дека се жртви на политичка пресметка во СДСМ меѓу крилото на Оливер Спасовски во кое е Славјанка Петровска и крилото на Радмила Шекеринска која иако веќе не е дел од раководството на СДСМ се уште има силно влијание во партијата.
По поништувањето на огласите нејасно е дали Петровска ќе објави нови или ќе се обиде да испрати свои луѓе во воените мисиите без воопшто да бидат објавени огласи.
,,Ако ви кажат дека проблем се парите ќе ве лажат затоа што министертвото има доволно пари за испраќање на луѓе на мисии. Неупатување на експерти во мисиите е голем срам за македонската одбрана како членка на НАТО. Единствената причина за поништувањето на огласите е обидот да се наместат ,,свои” луѓе”, тврди за expres.mk еден од луѓето што бил главен кандидат да замине на важна мисија пред поништувањето на огласите.
Единствена легитимна можност за поништување на огласите од страна на Петровска е доколку било утврдено дека сите пријавени апликанти биле соработници на безбедносни структури од змеји ривали на НАТО, тврди друг кандидат за мисија кој смета дека оваа можност е минимална.
Доколку сепак се работи за ова сценарио тогаш Македонија има многу поголем проблем пред НАТО, коментира експерт за expres.mk безбедност кој сака да биде анонимен.
Предходно одбраната имаше сериозни проблеми со сертификати за безбедност на повеќе високи армиски офицери.