Судењето за Зеќири одложено, неизвесно е одржувањето и на наредното поради неговата здравствена состојба

Вештакот кој го ангажираше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска известил дека обвинетиот Мухамед Зеќири не е способен да следи судења поради нарушено здравје. Со ова се потврдува мислењето на техничкиот советник Александар Марцикиќ, кој на претходните рочишта го правдаше отсуството на Зеќири. Судењето се одложи, а неизвесно и одржувањето на наредното. Се ќе зависи од тоа колку брзо Зеќири ќе закрепне пренесува Макфакс.

„Мислењето на вештото лице го имате. Дадено е мислење дека не е способен да го следи судењето поради здравствената состојба, што е привремено. Наредното рочиште е на закажаниот термин“, им посочи судијката Јанчулева-Михаиловска на адвокатите.

Пред одржувањето на наредното рочиште, Зеќири ќе има уште еден преглед од вештото лице на судот. Наодот ќе го даде одговорот дали обвинетиот, по неколку одложени рочишта, ќе може да се појави на суд. На наредното рочиште ќе треба да се закажат термини за наредни рочишта.