Студентски живот со едно евро дневно

По 61 денар во просек се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови , покажуваат анализите од истражувањата на Europe House МОФ.

Според истото истражувањее, на секој станар годишно му „следуваат“ му следуваат по еден килограм свинско место и 472 грама говедско.

Истражувањата за студентскиот стандард кои беа презентирани денеска покажуваат: како се трошат средствата на Државниот студентски дом Скопје и Перцепции за корупција на станарите во ДСД – Крпен студентски живот.

„ Просечниот буџет на Државниот студентски дом Скопје изнесува 3,5 милиони евра, за 10 месеци престој на студентите, плати за вработените и трошоци за функционирање на домовите.Уделот во буџетот за платите на вработените е речиси двоно поголем од трошоците на ДСД за храна на станарите.

Од склучени вкупно 193 договори за јавни набавки, 67 договори се за обезбедување на храна, ако се земат предвид трошоците за овие 67 договори и бројот на станари во текот на 10 месеци, доаѓаме до просечна сума од 61 денар дневно која се издвојува за оброците на станарите. Ако набавената храна се спореди со вкупниот број на корисници на студентските мензи доаѓаме до заклучок дека на секој станар му следуваат 1 килограм свинско и 472 грама говедско месо месечно“, вели Петар Барлаковски, истражувач и програмски координатор во МОФ.

Макфакс