Студентите во знак на револт поради измените на Кривичниот законик излегоа на протест оред Владата. Тие како идни чувари на правото се револтирани од измените со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционерите
– Бараме да се врати правото, да се почитува како што треба и да има правда – изјави за МИА студентот, Лазар Симонов.
Студентите бараат да се анулираат измените на Кривичниот законик кои беа донесени неодамна. Бараат, како што велат, правдата да ги стигне сите оние кои придонеле за огромната недоверба во правниот систем.
Според нив, на Македонија ѝ е потребна нова генерација правници.
Тие бараат и да се стопира злоупотребата на Европското знаменце.