Студентите кои студираат во други градови, бараат Министерството за наука да донесе конечна одлука на кој начин ќе се одвива нареднта студентска година бидејќи тие мора да обезбедат и сместување надвор од местото на живеење. 



Има три сценарија за почетокот на 2021/2022 година, кои минатиот месец беа усвоени на владина седница: Настава со физичко присуство, настава како минатата учебна година или ротирање на учениците.

„Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести, треба под итно да излезат со став за начинот на кој ќе се изведува наставата на високообразовните институции за академската 2021/2022 година. Голем е бројот на студенти кои од внатрешноста на државата ќе одат на студии во Скопје, Штип, Тетово или во други градови, во зависност од изборот на факултетот. Доколку наставата се изведува со физичко присуство, сите тие ќе треба да најдат станови, а нивните родители во семејниот буџет да го вкалкулираат тој трошок, кој воопшто не е за занемарување, реагираат студентите. 

Затоа, надлежните институции треба да излезат со навремена информација, со што ќе ги поштедат од дополнителни стресови и студентите и родителите, велат дел од студените и родителите.