За Здружението на хотелиери не е прифатлив пробниот балон за воведување на легализација на слободното користење на марихуана во регионот на Охрид и Струга заради зголемување на прометот во туризмот.

„Установивме како здружение дека тоа не е многу пожелно за охридско-струшкиот регион ниту за останатите региони. Сметаме дека не е зрел моментот за тоа и дека треба да средиме други приоритети’, изјави Крсте Блажевски, еден од членовите на здружението, за Сител.

Нивна оценка е дека повеќе би изгубиле отколку што би добиле со либерализацијата канабисот во туристичките центри.