Прашањата за состојбата и трендовите во членките на ЕУ, дискриминацијата, состојбата во затворите, мониторингот на институциите и можна контрола на министрите, приватизацијата, денационализацијата и други теми беа дел од анализата на професорката Гордана Силјановска Давкова која во Собранието зборуваше за најновиот извештај на Народниот правобранител.
Силјановска објави шокантна информација дека се сретнала со луѓе кои треба да заминат во пензија а се уште се вработени во државни институции со таканаречени привремени вработувања, договор на дело или хонорарно.
,,Страв ми е да прашам дали и овде во парламентот има такви луѓе кои не можат да ги остварат правата од работен однос а ја вршат работата професионално”, изјави Силјановска од собраниската говорница за овој проблем кој се смета за дискриминација.
Целото излагање на професорката која зборува за повеќе ситуации и аномалии во видеото.