Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски стави печат врз триумфот на Лидс јунајтед од 2:1 кај премиерлигашкиот лидер Манчестер Сити, асистирајќи за победничкиот гол на Стјуарт Далас во судиското продолжение од натпреварот од 31. коло.

Популарниот Џани од својата половина му даде „фор“ на двојниот стрелец, кој мајсторски го реализира идеалното проигрување и му донесе огромна радост на својот тим, кој од самиот крај на првото полувреме играше со играч помалку.

Асистенцијата за победа над „граѓаните“ на „Етихад“ по 2:20 минути од почетокот на видеото: