Немало заразени со коронавирус меѓу патниците кои од Брисел синоќа слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје, јави „Слободен печат“

Тие биле задржани додека не им биле направени тестови, а министерот Венко Филипче на прес-конференција претходно рече дека дел од патниците имале симптоми на корона вирусот, поради што ќе бидат тестирани.

Тестовите на сите 103 патници стигнале околу 30 минути по полноќ, по што директорот на ТАВ соопшти дека сите тестови се негативни.

Патниците од Брисел биле пуштени да одат дома во 2 часот по полноќ, дознава „Слободен печат“.