Стоп за бетонизација во Центар-архитекти, експерти и еколози не ги одобруваат зградите наспроти „Холидеј Ин“

„Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија градоначалникот Петре Шилегов а денес и премиерот Зоран Заев откако отпрвин ја спореа градбата на бетонските солитери од по 80 метри но, потоа, овој богат проект најде начин да го смени нивниот став.

Како нашле аргументи богатите инвеститори да ги одоброволат Шилегов и Заев, согласно праксата, секому е јасно. Цената на предомислувањето сигурно не е мала. Инвеститорите дури платија ПР – да се објави изјавата на премеирот Заев по некои портали блиски до власта за да се влијае на јавното мислење, и со тоа корупцијата се комплетира.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија е против, побара да се води сметка за јавниот интерес. А јавниот интерес вели дека во центраот на Скопје загадувањето рапидно расте и со овие бетонски солитери, плус трговски центар меѓу нив, протокот на воздух станува минимален, а сообраќајот и загадувањето опасни по живот. Еколозите и експертите не го одобруваат ова“-пишува Вечер.мк.

Линк до целиот текст: https://vecer.mk/top-vesti/stop-za-betonizacija-na-centar-kje-ima-i-krivichki-prijavi-protiv/