Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази уверување дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши со мировни преговори, бо интервју за Би-Би-Си.
Столтенберг рече дека ако Украина престане со едностраниот отпор, тогаш Украина ќе престане да постои како независна и суверена држава.
Затоа, одлуката за прекин на војната мора да биде – взаемна. Сите сакаме мир и решение (на конфликтот) преку преговори.
Според него мир ќе има само тогаш кога Русија и претседателот Путин ќе престанат да војуваат и Украина исто така да престане да се бори.
„Во одреден момент оваа војна најверојатно ќе заврши на преговарачката маса, но знаеме дека исходот од овие преговори е тесно поврзан со односот на силите на бојното поле“, додаде генералниот секретар на НАТО.
Киев го отфрла таквиот пристап, бидејќи веруваат дека прекинот на непријателствата и почетокот на мировните преговори ќе доведат до замрзнување на конфликтот, што ќе ги поништи неодамнешните успеси на украинските трупи, ќе дефинира нова демаркациона линија и ќе и даде на Русија потребното одложување да ја врати својата борбена способност и да ја повтори инвазијата од новите граници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека преговорите со Москва се можни само откако сите руски војници целосно ќе ги напуштат окупираните територии.
