Столе не издржа, по Заев немаше сила да се слика и со Шилегов

Капитенот на Вардар го нема на сликата направена по средбата на клубот со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Откако предходно беше дел од средбата и сликањето со премиерот Стојанче Стоилов го нема на сликата со Шилегов кој од буџетот на град Скопје ќе префрли 100 илјади евра за Вардар за успехот во Келн.

Во дел од коментарите на социјалните мрежи има различни иронични објаснувања зошто го нема Стоилов, најбенигното е дека Столе е тој што фотографира и затоа го нема на сликата.

Сликата на Вардарци со Шилегов е преземена од профилот на РК Вардар и на неа не е интервенирано туку е објавена целосно.