“Столе национале” диригира со химната на Фалангата во Букурешт (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните македонски спортисти ракометарот и репрезентативец Стојанче Стоилов диригира со химната која ја пее македонската “Фаланга” во Букурешт вечерва пред утрешниот историски меч со Австрија на првиот настап на Македонија на едно ЕП во фудбал

Стоилов излегол да се поздрави со група македонски навивачи во месноста Стари Град во Букурешт по што сите заедно ја запеале националната химна и други македонски песни.

Гоце Делчев, Питу, Гули, Даме Груев, Сандански ечеше вечерва во центарот на Букурешт како што се гледа од видеото што ни го испратија македонски навивачи.