Стојменов: Заев ја спречи изградбата кај „Беко“ – за да го продадам евтино!

Не градоначалникот на Центар туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадата за градилиштето кај поранешната стоковна куќа “Беко”, во центарот на Скопје, вели за “А1он” бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба.

Стојменов се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од 2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена, велат од “А1он”.

Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал ниаккви проблеми се до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ “Плаза” и на негово место да изградат сосема нов, пишува порталот “А1он”.