Екс генералот Стојанче Ангелов советник во државната агенција за воздухопловство и советник на премиерот Заев мисли дека и тој и Стојанче Стоилов имаат направено многу за Македонија.
Убеден е дека тоа што го направил тој за Македонија Стоилов не може да го направи ниту на сон.
“Тоа што за Македонија го има направено Стојанче Стоилов јас не можам ниту на сон.
Тоа што за Македонија го имам направено јас Стојанче Стоилов не може ниту на сон.
За разлика од душегрижниците кои на негова сметка се обидоа да ме омаловажат мене ние двајцата сме направиле многу”, смета Ангелов кој за разлика од Стоилив како дел од владината коалиција е силен поддржувач на промената на уставното име.
Од последните негови работи за Македонија неодамна Ангелов јавноста го виде како на доделување на Твитер награди кршеше ќерамиди на сцена по што се стекна со прекарот “Ќерамида”
Стоилов завчера во Келн ја освои втората титула првак на Европа.