Стојанче Ангелов се прослави и во српските медиуми

Реакцијата со која лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, се стави во одбрана на британската пејачка со косовско потекло, Да Липа, предизвика интерес и кај некои српски медиуми.

Српскиот портал „Ало.рс“ пишува дека генералот Ангелов, иако во воениот конфликт се бореше против Албанците сега застана во одбрана на пејачката која на социјалните мрежи го истакнува знамето на Голема Албанија на која има делови од Србија, Македонија, Црна Гора и Грција.