Стоилковски: Ви земаат по еден леб на секој купен литар бензин

Математиката направена од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски покажува дека при секое купување на бензин граѓаните поради даночната и акцизна политика на владата плаќаат огромна сума на пари која не мора да биде платена ако буџетот е полн.

Според Стоилковски ако ставите 50 литри бензин во автомобилот непотребно плаќате и сума со која може да се купат дури 50 леба.

,,На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб!

И тоа по новата цена, по старата две векни!
Вака “заокружено”

Бензин набавна 61,7 денари,
Бензин продажна 107 денари

Разлика 45 денари.
5 денари маржа за пумпите,
40 денари акцизи и даноци!

40 денари од литар, за да има за најнеспособната, а најбројна влада; за да има за 30.000 темелковци за пишување статуси и броење лајкови на Фб; за да има за нечии миленички да бидат конзулки, или ќерки да студираат во странство!

Ете затоа! 40 денари на секое литро оди за бандата, затоа се толкави цените!
И затоа се поскапува!

Премногу е!!
Молкот не е опција!!!
18ти, на Илинденска, пред Влада!!!”, пишува Стоилковски.

Владата завчера ја укина мерката со која беше намалена акцизата со која цената на бензинот ќе беше за десетина денари пониска.

Владата на Германија наспроти таа во Скопје ја намали акцизата по што од вчера цената на бензинот во просек се намали од 2.3 на 1,8 евра.