Стоилковски открива сомнителна трансакција со државно земјиште продадено 20 пати помалку од вредноста

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски открива можна скандалозна финансиска малверзација направена со земјата околу Спортско рекреативниот центар Треска каде што над 85.300 m² се продавани за 1 евро при што е постигната цена од 72 денари по m².

Со тоа според Стоилковски е направена голема проневера со државно земјиште затоа што официјалната цена на истата земја е 20 пати повисока според државни документи.

“Платен данок на трансакциите за сите 141 парцела (сега една, ама луксузна) е околу 3000 евра.
Пола за Сарај пола за Скопје.
Е, ама Град Скопје има ценовник за проценители на Град Скопје според којшто цена за 1m² за тоа место (КП Глумово) е 1200 денари, или 20 евра.
Така цената за сета парцела каде што се истопори цела влада плус Шилегов, би била најмалку 1.700.000 евра ! А продадена е за неполни 100.000.
Одиме натаму. Данокот.
Врз основа на постигнатата цена, односно 3% данок платен за направената трансакција изнесува, ако не се лажам неполни 3.000 евра. И го делат Сарај и Скопје.

Според ценовникот од 1200 денари за 1m², со одлука на Град Скопје од 2013 година, данокот на 1.700.000 евра би изнесувал цели 50.000 евра.

Е па сега пак нека отпишуваат долгови на општините од Буџет, нека се задолжуваат за тоа; пак наместо аеродроми со парите од ТАВ да асфалтираат сокачиња низ маала, случајно предизборно за гласови.

Нема поголеми апаши! И пак ви ги нудат на послужавник”, пишува Стоилковски кој ги користи хаштазите:
#сдсмлоповска
#ќутисипетре
#важносегради

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159161226410499&id=542940498