„И наместо да го завршат автопатот Кичево-Охрид, ДУИ и СДС пројавуваат амбиција да водат уште поголем автопатски проект, неколку пати поголем од автопатот Кичево-Охрид, каде се уште нема изработено главни проекти, каде се уште не е обезбедено надворешно финансирање, каде надзорот ќе го врши фирма со искуство во текстилна индустрија и со договор кој се крие од јавноста“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоиковски потсетува дека не е вистина дека „дека трасата за автопатот Кичево-Охрид била згрешена“ поради што и толку доцни проектот што требаше да биде завршен вои 2017-та и наведува неколку факти:
Трасата за автопатот Кичево-Охрид е избрана во периодот 2002 година, кога со Агенцијата за државни патишта управува кадар на ДПА, сегашен коалиционен партнер на СДС.
Основниот проект за изградба на автопатот Кичево-Охрид е изработен од проектантот Маврово (Прима инженеринг), ЗИМ (Завод за испитување материјали) и Балкан консалтинг во 2003/2008/2009 година.
Основниот проект е ревидиран во 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје, а делови од ревизијата се правени и многу порано при изработката на проектите.
Во 2013 и 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје е изработен и т.н. инфраструктурен проект за автопатот Кичево-Охрид, што е проект за тоа на кои парцели и каква инфраструктура има на трасата и врз основа на кој се врши експропријација на земјиштето. Сосема нормално е што во текот на градбата, за вакви големи проекти е тие да се надополнуваат поради промена на терен и јавување на нов градби.
И најголемиот факт наспроти искажаните лаги: До денеска не е направена апсолутно никаква промена на трасата за овој автопат Кичево- Охрид. Потпишаа еден куп на Анекси, со еден куп дополнителни работи, но проектот и понатаму стои.
Како за споредба автопатот Миладиновци-Штип е долг 47 км. Проектот за автопатот Кичево-Охрид е долг 57 км! Во меѓувреме, предвидениот автопат Кичево-Охрид имаше вредност од 374 милиони, го доведоа до над 600 милиони евра! вели Стоилковсѝки.
Според него, ДУИ и СДС не знаат како да реализираат автопат кој што им беше предаден 50% завршен, за кој што постои целосен ревидиран главен проект, за кој што постои обезбедено финансирање со каматна стапка од 2%, каде надзорот го прават двете најголеми и најискусни надзорни компании од Македонија и каде договорот транспарентно беше усвоен во Собранието на Република Македонија.
Единствена причина поради која не се завршува автопатот Кичево-Охрид е неспособноста на Владата на ДУИ и СДС.
И наместо да го завршат автопатот Кичево-Охрид, ДУИ и СДС пројавуваат амбиција да водат уште поголем автопатски проект, неколку пати поголем од автопатот Кичево-Охрид, каде се уште нема изработено главни проекти, каде се уште не е обезбедено надворешно финансирање, каде надзорот ќе го врши фирма со искуство во текстилна индустрија и со договор кој се крие од јавноста.
И врв на се, со овој мега проект треба да раководи министер (вицепремиер) од ДУИ кој од градежништво знае како да купува дуќани во центарот на Скопје и хотели на Попова Шапка по багателни цени. Но, затоа цените на автопатот според она што самите го објавија, се највисоките во регионот по должен километар“, вели Стоилковски.
