Портпаролот на ВМРО-ДППМНЕ реагира на новиот предмет „историја и општеството“ во четврто одделение, во кој една од трите теми е „мојата држава“ и кој според програмата, учениците треба да развиваат идентитет на „граѓанин на Република Северна Македонија“.

„Никола Димитров, дали сега ќе и се јавиш на Мила Царовска да и ги објасниш разликите на „синонимите“ за државјанство и за етнички идентитет, бидејќи преку учебниците ќе се гради нов северен идентитет наместо македонски?

Идентитетот нели бетон беше? А бе Никола, срамота е, навистина е срамота! Шупрајме со „злорадоста“,, пишува наум Стоилковски на Фејсбук.