Што се однесува на припадниците на српската заедница во Македонија и припадниците на македонската заедница во Србија не можете да направите ни поблиски споредба затоа што припадниците на македонскиот народ во Србија уживаат сериозна поддршка од државата, преку милион евра добиваат за негување на своите културна национални особености, смета Иван Стоилковиќ, пратеник и претседател на Демократска партија на Србите во Македонија во вчерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Стоилковиќ потенцираше дека покрај важните манифестации за српската заедница во Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска нарекувајќи ја госпоѓа Скафандер ги ускратила средствата за невладините српски организации и ја повика доколку смета поинаку да го демантира, меѓутоа како што рече тој ова што го говори е тотална и апсолутна вистина.

Ќе ја потсетам јавноста и госпоѓа Скафандер, односно госпоѓа министерка за култура дека српските невладини организации во Македонија оваа година се тотално ускратени за средства од министерството за култура, кога станува збор за манифестации кои се од важност за српската заедница во Македонија, рече тој.

Јас ја повикам министерката доколку грешам или доколку овие аргументи не мис е точни, да ме демантира. Меѓутоа јас гарантирам дека сето ова што го зборам е тотална и апсолутна вистина, изјави Стоилковиќ.

На прашањето дали е за внесување на Бугарите во македонскиот устав, Стоилковиќ рече дека неговиот став е јасен и е ист како на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во кој е во коалиција, а тоа значи против внесување на бугарите во Уставот.

Да нема забуни за мојот став јас сум од страна на опозицијата и мојот став тука бил и до крај ќе остане јасен, вели Стоилковиќ.