Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија во видео изјава открива што се случувало меѓу официјални Скопје и Москва пред Русија да го протера последниот македонски дипломат од членката на Советот за безбедност на ОН.
Пратеникот Иван Стоиљковиќ кој важи за најдобар познавач на односите на Русија со Македонија и Србија открива дека во предходниот дипломатски инцидент пред Русија да ја протера актуелната вршителка на должноста амбасадор во Москва имало разговори меѓу македонското и руското МНР.
Притоа било договорено дека Македонија треба да прати нов дипломат кој ќе биде избркан за да не остане амбасадата празна.
Во последниот случај Македонија не добила можност да го спречи дипломатскиот срам и била избркана и последната дипломатка во Москва.
Останавме и без амбасадорка, Русија го протера и последниот македонски дипломат во Москва