Како Албанците ја практикуваат власта во Македонија добро е што останавме толку многу, вели Иван Стоиљковиќ претседател на Демократската партија на Србите во Македонија кој дава одговор зошто бројот на Срби во Македонија се намалил на 25 илјади.
Според Стоиљковиќ кој е пратеник во Собранието во Македонија со 20 проценти од населението владеат Албанците.
„Ништо значајно не се случува во областа на човековите права и слободи во Македонија, бидејќи имаме ситуација кога земјата излезе од рамковниот договор, односно Охридскиот договор, кој ја дефинираше Македонија како мултинационална и мултикултурна држава и влезе процес на бинационална држава. Кога ќе влезете во процес на бинационална држава, а во моментов албанските партии со 20 проценти од населението во Македонија ја контролираат речиси целата државна власт, не можете да очекувате ништо друго бидејќи, да не бидам престрого сфатен, со оглед на тоа како Албанците ја практикуваат власта, добро е што останавме и толку“, рече Стоиљковиќ за РТ Балкан.
За наводите дека во Македонија ќе се отворат училишта на српски јазик, Стоилковиќ рече дека ова е само приказна.
„Многу се зборува, но малку се делува. Треба да се има предвид фактот дека годинава во Македонија не се печатат ниту учебници за деца кои го учат македонскиот јазик, ниту училишните предмети на македонски јазик. Па што треба да очекувате во однос на учебниците на српски?“, наведува Стоилковиќ.
Тој додаде дека, кога станува збор за српскиот културен центар во Скопје и македонскиот во Белград, се потпишани договори, но таа приказна се уште е „на долг стап“.
„Договорот за потпишување на намерата за отворање културни центри е инициран пред приближно пет години и дури сега е реализиран. Станува збор само за потпишување на намерата. Далеку сме од ситуацијата да имаме простории, и местото каде што е српскиот културен центар. Треба да се изгради но „Скопје се уште ги нема поминато потребните урбанистички проверки и контроли. Во таа смисла сè уште е „на долг стап““, вели претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стилковиќ.