Стоев: Зошто Македонија нема амбасадор во Софија?

В.Д. бугарскиот министер за надворешни Светлан Стоев смета дека дијалогот меѓу Бугарија и Македонија мора да продолжи и во иднина, за остварување на единствената и заедничка цел- земјата да започне преговори со ЕУ.

Тој смета дека говорот на омраза не е иднината на односите меѓу Бугарија и Македонија и бара цврст став и нивна осуда од македонските власти.

Стоев рече и дека Бугарите во мора да влезат како и другите во македонскиот Устав

В.Д. министерот праша и зошто земјава не испраќа амбасадор во Софија веќе 18 месеци, додавајќи дека, исто како што неговиот македонски колега Бујар Османи „може да го повика бугарскиот амбасадор во Скопје и да го види во рок од 10 минути“, така и тој би сакал да може да се јави и да разговара со амбасадорот на Северна Македонија во Софија.