Теѕхничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, во Барселона оствари билатерални разговори со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи и со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија Хозе Мануел Албарес Буено во ЕУ и странските партнери во јужното соседство информираат од МНР.
Беа разменети мислења за можноста за отпочнување на преговори за членство во ЕУ со Република с. Македонија.
Бугарската страна ги истакна своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, за да се гарантираат правата на граѓаните со бугарска самосвест и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија, рече Стоев. (БГНЕС)
