Стивен Сегал го прославил 70-от роденден во Москва

Актерот Стивен Сегал го прослави својот 70-ти роденден во Москва во друштво на руски ѕвезди, јавија медиуми.

Сегал им се заблагодари на сите што дојдоа да го поздрават и им се обрати на гостите со патриотски говор.

„Заедно сме. И во тешки времиња, и во сити времиња и во гладни времиња“, изјавил актерот. Телевизискиот водител Владимир Соловјов ја преведе здравицата од англиски за гостите.

Американскиот актер стана руски државјанин во ноември 2016. Пасошот му го предаде лично претседателот Владимир Путин.

Портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, рече дека актерот, „познат по топлите чувства кон нашата земја“, го побарал тоа одамна.