Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар потврди дека лекот „Трикафта“ е стигнат во државава.
Тој за МИА потвцрди дека лекот пристигнал во земјава во понеделникот, но дека се’ уште не дистрибуиран до клиниката, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури. реклама
„Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување, едно, друго… Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника“, предвидува Гаспар.
Тој рече дека имал средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.
„Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега“, додаде Гаспар.
