Лидерот на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски, кој е и кандидат за пратеник од листата на владеачката Социјалистичка партија на престојните парламантарни избори во кои ќе се одржат на 25 април, изјави дека има реални изгледи тој повторно да биде пратеник во албанското собрание.

Стерјовски во емисијата “60 Минути” на телевизија СОТ7 рече дека како досегашен пратеник барал но и ке бара и понатаму Собранието во Албанија да гарантира места за пратеници од редот на малцинствата, бидејки тоа е најправедно застапување на малцинствата во законодавниот дом, пренесе весникот на Македонците воп Албанија, „Илинден“-Тирана.