Советот на општина Гази Баба денес 25.11.2021 година (четврток) на барање на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја оддржа четврата седница.
Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија.
На седницата се обрати градоначалникот Стефковски кој пред советниците истакна:
“Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни.

Општина Гази Баба и нашите жители пред помалку од пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата.
Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага.”

За седницата, градоначалникот Стефковски напиша на својата официјална фејсбук страна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=133260052408405&id=102916392109438