Видео уметникот Данчо Стефков од Велес пет пати бил на интервју во Фондот за иновации и на крајот не добил поддршка за проект кој ќе отворел 5 работни места и тоа со далеку помали пари од тие што ги добија снаата на Цветанка Ласкова, вицепремиерот Анѓушев или пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.
Стефков кој важи за почитуван во фелата и меѓу најдобрите во видео индустријата во земјава исто бил третиран и со оваа и со предходната власт.
“Мојата фирма постои 16 години, како микро претпријатие на пазарот за филмски и видео материјали. Во фондот за иновации конкурирав 3 пати, но не добив никаков грант. А целта беше да остварам технолошки напредок и целосно да прејдам во 4К резолуција. Имав најмалку 5 интервјуа од фондот. Можност за отворање 5 работни места. А не барав ни 1/8 од ова што им се доделува на други фирми. На крај “уздај се у се и у своје кљусе,, . Не не бива, епа нема ни да не биде. П.С. Ова важи за од 2015 до сега. Нема разлика, само друго пакување”, пишува Стефков кој зад себе има 2 играни филма, играно документарен, 40 тина документарни, стотина ТВ проекти, претстави, спотови, реклами и презентации.