Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе со својот „хјундаи и30 Н ТЦР“ триумфира на трката во швајцарски Сент Урсан во групата 3 од Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА и се зацврсти на врвот во генералниот пласман во категоријата 1.

Времето од 2:05,018 минути во првото возење е нов рекорд на патеката во осмата трка од вкупно 10 сезонава во ЕХЦ-шампионатот на ФИА, во кој Стефановски по својата петта победа води со 179 поени.