ЕУ мора да биде јасна дека ако Македонија до 2028, 2029 или која било година, ги исполни условите за членство – може да влезе во Унијата.
Зачленувањето мора да оди според принципот на регата, што значи дека ако ја поминете линијата, нема потреба да чекате некого“, вели во интервју за МИА италијанскиот експерт за глобални безбедносни прашања Стефано Стефанини.
Според него, по војната во Украина, Европската Унија (ЕУ) нема друга опција освен да се прошири, а Македонија треба да ги засука ракавите за нејзината европска перспектива.
„Македонија треба да ги засука ракавите и да работи на пристап што ги вклучува сите партии бидејќи влезот во ЕУ бара консензус од сите луѓе и од сите политички сили. Реформите понекогаш се болни и треба да ја имате целата земја зад себе“, вели Стефанини.
