Стефанчук: „Драга Снежана, не сум претседател на Украина!

Спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук,реафира на објавата на социјалните мрежи на функционерката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева,која го „прогласи“ за „привремен претседател на Украина“.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Преходно, под заедничката фотографија по средбата со претседателот на Врховната рада Стефанчук, Снежана Ванчева Калеска го прогласи Стефанчук за претседател на Украина, заборавајќи на многу актуелниот Володимир Зеленски…