Колумнистот Медаи Шахоли во својата последна колумна под наслов „Продавач на пиперки – милионер“ критички реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со начинот како го заработил неговиот прв милион.
„Пред неколку дена во изјава за јавноста ‘продавачот на пиперки – милионер’ од Струмица Зајко шарлатанот кажа: ‘Првиот милион сум го заработил продавајќи пиперки во Србија! Но, освен сервилните лидери – Албанци на политичките партии и неговата банда во СДСМ никој друг не му поверува на демагогот Зајко дека продавајќи пиперки и ‘лут ајвар’ може да се стане милионер. Никој од трговците ширум ‘северна’ низ пазарите во градовите не стана милионер, иако се скапаа од работа покрај тезгите од утрини до вечер. Србија е пазарот што му овозможи на малиот брат Зајко да стане милионер без многу напор и овој изум тој се обидува да го пласира на пазарот”, пишува Шахоли.
Авторот на колумната тврди дека премиерот Заев се ‘лизга вдесно’: „Можно е неговите српски браќа да му помогнале на демагогот Зајко да стане милионер преку преку валкано и нечесно работење на пазарот. Независно од неговата приврзаност и неговите социјалдемократски убедувања, со декларирањето за себе како милионер внатре во левицата, тој со ова ‘лизгање вдесно’ докажа дека е демагог, кој не се вклопува во сликата на левичарски лидер, туку оти има манија на алчност и лакомост по секоја цена да стане милионер.“
„Ајварџијата од Струмица Зајко – милионерот им ја врати честа на Србите, кога во текот на неговиот прв мандат како премиер на Северна рече дека го признава српското културно наследство врз Косово!’ – вели Шахоли и ги критикува албанските партии во Македонија зошто одмолчале на оваа изјава на претседателот на Владата Заев.
„Се чини дека лидерите – Албанци станаа љубоморни на милионите на продавачот на пиперки Зајко и оти и тие бараат да станат милионери на српскиот пазар преку ‘лутиот ајвар’ на Зајко, или преку продажба на други продукти на ‘црниот пазар“. Лидерите – Албанци нека станат милионери на долгиот пат кон ЕУ и со чесно работење, а не преку нечесна трговија и нечесно печалење.“ – пишува Медаи Шахоли на крајот од својата колумна во „Лајм“.