Хусеин Река го има статусот на денот на Фејсбук, во кој набројува на што сè ќе можеше да смета Македонија во кризата со коронавирусот ако имаше политичари што се грижат за интересите на државата.
„Да имавме политичари и лидери кои ќе работеа за интересите на државата, а не транзициони профитери и мафијаши сега:
1. „Тетекс“ ќе произведуваше заштитна облека за медицински персонал
2. „Медицинска пластика“ – Тетово ќе произведуваше маски, очила и друг потребен медицински и лабораториски материјал
3. ЕМО ќе произведуваше рапид тестови за Ковид-19
4. „Застава“ – Охрид ќе произведеше машини/возила за дезинфекција на улици и роботи за пристап до контаминирани простории 5. „МЗТ пумпи“ ќе произведеше респиратори
6. ОХИС ќе произведеше дезинфициенси… итн., итн., итн.
Башка што ќе имаше работа за многуминаво време на криза.
П.С. Честитки за влез во НАТО“.