Статистика: Кои македонски портали имаат најмногу лајкови, споделувања и коментари

Според извештаите на специјализираниот портал за мерење на реакции на социјалната мрежа Фејсбук statistika.mk/ највлијателни македонски портали се infomax.mk и expres.mk.

Во последните две години на врвот на оваа листа речиси постојано е порталот Инфомакс.

Според денешниот извештај на statistika.mk кој мери број на допаѓања (like), споделувања (share) и коментари од читатели во водство се expres.mk и infomax.mk.

Сајтот statistika.mk ги мери и ги прикажува активностите на Фејсбук за последните три дена и бројот на објавени вести од порталите во Македонија.

Фејсбук е доминантна социјална мрежа во Македонија.

По infomax.mk и expres.mk во првите пет највлијателни онлајн медиуми следуваат спортскиот портал gol.mk и веб сајтовите на телевизиите Канал 5 и Сител.

На листата од 12 портали со најмногу реакции од читателите се и:

На листата на портали за последниве 3 дена нема други влијателни портали како на пример faktor.mk кој важи за најчитан портал за економија, плусинфо.мк и лидер.мк и други кои вообичаено се меѓу најчитаните и највлијателни македонски извори на онлајн информации.

Статистика.мк мери активности на 273 портали во Македонија меѓу кои најголем број се политички, економски, спортски, забавни или комбинирани

Трендот на најлијателните македонски портали можете да го следите на statistika.mk