По две пандемиски години, љубителите на рачните изработки одново можат да ги најдат совршените подароци на едно место.

Селекција од рачно направени производи за подароци и разни додатоци за сезонава, од повеќе од 20 производители ќе бидат достапни за продажба од 10 до 22 часот овој викенд, 24 и 25 декември, 2022. Покрај оригиналните парчиња накит, рачно изработени чанти и модни додатоци и украси за домот, на секој штанд ве очекуваат мајсторите на занаетот лично со кои можете да си размените збор два и да ја дознаете нивната приказна, љубовта преточена во нивната креација како и начинот на создавање на секое едно парче и производ.

„Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите и исто така да го споделите овој уникатен Крафт и АРТ настан со колегите и пријателите. Сите се добродојдени и со нетрпение ве очекуваме во Скопје Сити Мол“ – велат организаторите од МАТА Скопје