По 168 пат во Минхен денеска беше отворен фестивалот на пивото „Октоберфест“.
.Градоначалникот Дитер Рајтер, како што налага традицијата, првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.
На фестивалот што ќе трае до 6 октомври се очекуваат околу 6 милиони посетители.
Годинава кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во споредба со минатата година.