Портпаролот на Европската унија Петер Стано зборувајќи за вонредните избори одржани вчера на северот на Косово изјави дека тие не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини, туку дека тоа може да се случи само преку трајно враќање на косовските Срби во институциите.

Стано во изјавата нагласи дека Косово треба да овозможи враќање на Србите во институциите и дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство треба да заврши што е можно поскоро.


Тој повтори дека Европската унија жали што не сите партии го искористија своето право и не учествуваа на изборите и коментираше за слабиот одѕив на Србите на гласањето.

„ЕУ забележува дека изборите се одржаа во согласност со правната рамка на Косово. Во исто време, ЕУ жали што не сите партии и заедници го искористија своето демократско право да учествуваат и да гласаат на изборите. „Многу слабиот одѕив, особено меѓу граѓаните на косовските Срби, покажува дека овој процес не е и не може да се смета за вообичаен“, рече Стано во изјавата.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека изборите за градоначалници во четири општини на северот од Косово како и за општинските собранија поминале мирно и без инциденти.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешната прес-конференција изјави дека Србите вчера на референдумот „едногласно кажаа во која држава живеат и кого не сака на своја територија, но и на светот му покажа дека ништо не разбира“, пренесуваат српските медиуми.