„Бугарските здруженија во Македонија се именуваат според бранители на врховизмот, бугарскиот национализам и шовинизам. Затоа, бугарските здруженија и клубови во Македонија наидуваат на жестока реакција во македонското општество.“ – вели Далибор Станковиќ во својата статија со наслов „Бугарските клубови во Македонија – пројавување на великобугарската политика“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Покрај другото, Станковиќ пишува: „Формирањето на бугарските клубови, или здруженија не е нова појава во Македонија. Во 2000 година беше формирано здружението ‘Радко’, а осум година подоцна и бугарскиот културен клуб ‘Борис Дрангов’. Оваа тенденција продолжува и денес, со најавата за создавање на бугарскиот клуб ‘Цар Фердинанд’ во Богданци. Македонците овие здруженија ги доживуваат како провокација на бугарскиот екстремен национализам и шовинизам.“
„Ако судиме според името на она што се именува, тогаш е јасно која е суштината на најавуваниот бугарски клуб ‘Цар Фердинанд’ во Богданци. Туше Влахов, внук на Димитар Влахов и бугарски историчар, вели дека Фердинанд и бугарските политички кругови во Македонија го основале Сојузот на бугарските конституциони клубови во 1908 година, партија којашто имала силен бугарски националистички стремеж. Влахов исто така нагласува дека клубовите биле ‘прикриен предводник на целите и стремежите на великобугарската шовинистичка политика’.“
„Во македонската историја Фердинанд останува запаметен како бранител на врховизмот. За оваа идеологија уште во почетокот на 20 век, весникот ‘Одрински глас’ посочи: ‘Врховизмот – тоа е спроводник на бугарските националистички претензии; неговата крајна цел е санстефанска Бугарија; … разбирајќи го македонскиот проблем како бугарско- националистички, тој секогаш бил во целосна услуга на врховните диригенти на бугарската политика“.
„Затоа, бугарските здруженија и клубови во Македонија наидуваат на жестока реакција во македонското општество. Нивните активности се доживуваат како провокација на бугарскиот национализам.“
Home Македонија Станковиќ: „Бугарските здруженија во РМ се пројава на великобугарската политика и затоа...