ССМ против недела да биде работен ден во туристичките центри

Не смее повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат во недела, реагира Сојузот на Синдикатите сопредлогот да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.

Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ,  е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

„Со законските измени, ССМ и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, а предвидена е и можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците.

Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат“, велат од ССМ.