Српски удар ,,под појас” за Македонија, Османи мора да испрати протестна нота до Белград (ФОТО)

Српските власти направиле чекор контра меѓународното право и почнале погрешно да ја означуваат Македонија на автопатот кој води кон земјава.

Од непознати причини властите во Белград наложиле на ознаките за патна дестинација кои водат кон Македонија да стои погрешен меѓународен код за земјава.

Спротивно на регистерот за кодови на Обединетите Нации српските власти ја поставиле кратенката NMK (Норт Македонија) на сите табли на автопатот од Белград до Врање.

Според официјалниот регистар на ОН кој треба да го почитува и Србија Македонија се означува со кратенката МК и тоа треба да го прифатат сите земји членки на ОН.

Зошто Србија која важи за најголем пријател за најголем број граѓани на Македонија го направила овој чекор засега не е јасно.

На потег е министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ако го почитува меѓународното право по оваа провокација ќе мора да упати протестна нота и да побара Србија да ги смени кодовите за Макеоднија на своите патни табли.